Познатата српска пејачка откри детали за своите први естетски зафати, поддршката од татко ѝ и ставот дека секој треба да изгледа онака како што се чувствува
Катерина Грујиќ, една од најатрактивните пејачки на српската сцена, отсекогаш водела сметка за својот изглед. Таа вели дека добрата генетика ѝ е основа за убавината, но не крие дека користи и естетски третмани и корекции за да го задржи посакуваниот изглед.
Првата интервенција ја направила на само 19 години, кога решила да ги оперира ушите. Веќе следната година, ги зголемила фрадите и усните, со што ги направила првите поголеми чекори кон посакуваниот изглед. За овие одлуки имала безрезервна поддршка од својот татко, додека мајка ѝ не сакала ни да слушне за операции.
Знаеја да ми речат дека сум клемпава, а за друг надимак ми беше ‘даска’. Бев рамна како даска, но повеќе не сум. На сите им беше чудно, но мојот татко беше прв покрај мене кога му ја кажав мојата желба. Не сакам моето дете да минува низ трауми“, раскажува Грујиќ.
Поврзани објави
Потоа додаде:
Секогаш отворено зборувам за тоа. Ако некому нешто му пречи – зошто да не го смени тоа кај себе? Затоа постои естетска хирургија, затоа живееме во 21. век“?
printskrin Youtube-hype tv