Андреј Ѓорѓиески, член на групата ДНК, го загуби животот во стравичниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според сведочењата, тој до последен момент се обидувал да им помогне на гостите, но сам не успеал да се спаси од огнената стихија.
Во трагедијата настрада и младиот тапанар Ѓорѓи Горгиев од Струмица, а сѐ уште се трага по Сара Пројковска, професорка и пратечки вокал на бендот.
Пред несреќата, Ѓорѓиески со возбуда го најави настапот во „Пулс“, велејќи дека таму секогаш се чувствуваат добредојдени. Никој не можеше да претпостави дека тоа ќе биде неговиот последен концерт.
Поврзани објави
Според официјалните податоци, животот го загубија 59 лица, а десетици се повредени. Причината за пожарот биле пиротехнички ефекти кои предизвикале запалување на таванската конструкција, по што настанала паника и стампедо.
Фото: принтскрин – социјални мрежи и Јутјуб