Почетна Убавина и здравјеЕдната се омажила во мочуриште, а другата си нашла селанец – Убавина и здравје

Едната се омажила во мочуриште, а другата си нашла селанец – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Додека обични девојки сонуваат за Холивуд и слава, овие две познати убавици решија да се откажат од сето тоа за да живеат во илегала со своите избраници

Манекенката Бела Хадид веќе една година е во врска со Адан Бануелос, одликуван коњаник со мексиканско-американско потекло, откако раскина со уметничкиот директор Марк Калман.

Од друга страна, пејачката Лана Дел Реј неодамна се омажи со Џереми Дуфрен, кој е капетан на чамец и води туристи низ мочуриште, нудејќи им интимно искуство со локални диви животни како алигатори, чапји и повеќе од 300 видови птици.

Според ова, може да се каже дека во Холивуд владее нов тренд и дека девојките им се враќаат на вистинските мажи, па не се веќе заинтересирани за манекени, филмски ѕвезди или рапери.

Бела дури и направи пауза од манекенството, а сега живее во Тексас со Бануелос, кого го нарекла свој „партнер“ и „неверојатен повозрасен бизнисмен“ во интервју за Allure во април 2024.

Хадид, која цел живот јавала коњи, имала целосна поддршка од Бануелос, па на почетокот од февруари 2024, прославила квалификации за шампионат со нејзиниот коњ Металик Тито во видео објавено на Инстаграм.


Поврзани објави

Под видеото од натпреварот, Бануелос напишал:

„Им честитаме на Бела и на #MetallicTito за нивното прво големо финале во турнир и за нивниот прв заеднички настан! #DreamTeam.“

Пејачката Лана Дел Реј, пак, се омажила за Дуфрен на 26 септември 2024 година, откако три дена претходно добила дозвола за брак.

„Џереми е еден и единствен. И неверојатен е. И многу сме среќни“, напишала Дел Реј на Инстаграм по церемонијата на вљубената двојка во Луизијана, во јавниот залив каде што работи капетанот на чамец.

Според фотографиите објавени во медиумите, пејачката прошетала до олтарот со својот татко Роберт Грант и носела бел фустан до подот со набрано деколте, додека Дуфрен облекол триделен костим.

ФОТО: Инстаграм