Фолк дивата искрено за мајчинската грижа и односот со ќерката Анастасија, која живее во Севиља со сопругот.
Светлана Цеца Ражнатовиќ проговори за своите мајчински грижи и односот со ќерката Анастасија, која веќе извесен период живее во Севиља. Во едно интервју, пејачката призна дека ја мачи тоа што Анастасија постојано прави исти грешки, и дека чувствува немоќ да ѝ помогне.
Како мајка, нормално е да сакам најдобро за неа, но гледам дека повторно и повторно се врти во круг. Не знам како да ѝ пријдам, а да ме слушне“, изјави Цеца.
Иако имаат близок однос, таа вели дека Анастасија е веќе возрасна жена која сама носи одлуки.
Поврзани објави
Животот на Анастасија во Шпанија со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ, е исполнет со обврски, но Цеца признава дека се чувствува отфрлено кога советите не ѝ се прифаќаат.
Знам дека сама ќе научи, но боли кога гледаш дете како повторува нешта што си ги прошол“, додаде таа.
И покрај сè, Цеца вели дека нејзината поддршка никогаш нема да ѝ недостасува. Таа смета дека сите мајки поминуваат низ слични чувства кога нивните деца се далеку, но љубовта останува непроменета.
printskrin Youtube-blic