Почетна Убавина и здравјеСтојне Николова објави моќна балада која го носи насловот „На две страни“

Стојне Николова објави моќна балада која го носи насловот „На две страни“

од nenad
1 минути читај за

Стојне Николова не престанува да ја изненадува јавноста со својот глас и песни кои допираат буквално до сечие срце. Токму една таква е и песната „На две страни“.

Стојне за овој проект, односно песна, ќе каже дека е емотивна балада со интересна тематика која со сигурност ќе допре до публиката, баш онака како што допре до сите оние кои работеа на истата.

 

„На две страни“ доби и фантастичен видео запис реализиран од Арт продукција, а кадрите се снимени во Германија и Македонија. 

 

Поврзани објави

И на овој проект исто како и на сите претходни, Стојне работеше со веќе проверен тим. Како автор на текстот се потпишува Орце Зафировски, музиката е на Борче Димитров, а аранжманот на Бобан Мојсовски. 

 

Во една прилика Стојне Николова кажа дека ова е само мал дел од сето она што следи од неа во иднина и тука не застанува. Веќе е затворена во студио каде што работи на новите проекти кои јавноста ќе има можност да ги слушне наскоро. А дотогаш, уживајте во „На две страни“.