Почетна Убавина и здравје„Ќе падне првиот секс“ – Јована Јеремиќ откри со кого ја чека Новата година

„Ќе падне првиот секс“ – Јована Јеремиќ откри со кого ја чека Новата година

од nenad
1 минути читај за

Водителката искрено за загубата, љубовните лекции и одлуките што ѝ го променија животот

Водителката Јована Јеремиќ во ексклузивен разговор ги сумираше предизвиците од изминатата година, која за неа беше исклучително тешка. Таа ја доживеа најголемата загуба – смртта на татко ѝ Миодраг, но, како што вели, од таа болка излегла посилна и поисчистена од луѓе кои не ѝ биле искрени и лојални.

Јована призна дека низ тежок емотивен период поминала сама, без партнерска поддршка, што ѝ помогнало да ја пронајде силата во себе. По врската со Драган Станковиќ извлекла важна лекција и денес, како што вели, точно знае што сака и на што повеќе не прифаќа да пристане во љубовта.

За новиот партнер Милош Стојановиќ Тигар одбива да зборува јавно, нагласувајќи дека приватниот живот отсега ќе го чува само за себе.

Поврзани објави

Никогаш повеќе нема да давам сè додека не дојде до брак и семејство“, вели таа, додавајќи дека верува во традиционални вредности и стабилност.

Кога станува збор за новогодишната ноќ, Јована е кратка и јасна – ќе ја помине со личноста што ја сака. Со насмевка откри дека ќе носи црвен веш и дека „ќе падне првиот секс“, бидејќи, како што рече, Новата година мора да се „завери“ како што доликува.

Instagram/jeremicjovana