Почетна Убавина и здравјеАлександра Шијакоска го покажа трудничкиот стомак во бикини! (ФОТО)

Александра Шијакоска го покажа трудничкиот стомак во бикини! (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Инфлуенсерката Александра Шијакоска  на нејзиниот Инстаграм профил објави преубави фотографии на кои позира со трудничкото стомаче во бикини на плажа.

Кога сопругот ќе ти направи прекрасни фотографии во бременоста, бидејќи ти си мрзелива и се што сакаш е да јадеш и да спиеш. Шестата е мојата омилена“ – истакна инфлуенсерката.

Двајцата блескаат од среќа во најубавите моменти, по бурниот период кој конечно е зад нив.

Поврзани објави

Инаку, на 29-годишна возраст, битолчанката се бореше со тешка животна битка, откако ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот.

Таа храбро и силно успеа да излезе како победник од оваа битка, а покрај неа, освен нејзиното семејство, постојано беше нејзиниот сакан Едмонд.

Во јули 2023, тие официјално стапија во брак на прекрасна свадбена церемонија, а една година подоцна им се исполни најголемиот сон, да станат родители.

Прекрасната Александра е вистинска инспирација за сите кои минале низ слична животна битка и доказ дека и најнереалните соништа може да се исполнат, а животот да се живее со полн здив.