Стар италијански рецепт за тирамису кој се приготвува многу брзо, без готвење филови или печење кори – едноставно и превкусно
Брз колач кој е кремлив, лесен и не изискува посебни кулинарски вештини – тоа е италијанското тирамису! Во овој десерт се содржи сета мудрост на Италијанките – брзо и лесно ќе го приготвите, а ќе уживате на раат.
Состојки:
- 6 домашни јајца
- 300 г шеќер
- 150 мл слатка павлака
- 1 пакување пишкоти
- 300 мл филтер-кафе
- какао
Приготвување:
1. Кремливо изматете ги жолчките и шеќерот додека побели смесата.
2. Во неа додајте ги изматените белки во снег, а потоа и добро изматената слатка павлака.
Поврзани објави
3. Измешајте ги смесите и тргнете ги на страна.
4. Сварете филтер-кафе и во него потопувајте ги пишкотите, па редете и филувајте.
5. Завршете со тенок слој крем и посипете со какао.
Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…
ФОТО: Инстаграм