Почетна Убавина и здравјеПере од Нокаут напиша емотивна поема за болката, човечноста и ловците на туѓата несреќа – Убавина и здравје

Пере од Нокаут напиша емотивна поема за болката, човечноста и ловците на туѓата несреќа – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пере од Нокаут нè потсети дека најважно е да останеме луѓе

За жал, тагата и болката понекогаш служат како најголем извор на инспирација за уметниците. Тагата честопати поттикнува на интроспекција и емпатија, што може успешно да се преточи во некаков тип на уметност. Тоа не значи дека среќните емоции не можат да инспирираат, туку уметноста инспирирана од тагата неретко има поголема длабочина и пренесува помоќна порака.

Никола Перевски – Пере сподели емотивна поема на својот фејсбук-профил во која ги критикува оние што се насладуваат на туѓата несреќа и ги охрабрува луѓето да не заборават на вистинските вредности и да останат човечни, особено во вакви тешки моменти.

Во продолжение ви ја пренесуваме неговата поема во целост…

ЌУТИ КОГА БОЛИ

Луѓето знаат да гледаат.

Знаат да гледаат директно

во туѓата несреќа.Да кликнат,

да коментираат.

Да се насладуваат на туѓиот пекол

додека грицкаат нешто мрсно од кеса.

Но,знаеш што не знаат?

Да молчат кога е потребно.

Да ја спуштат главата кога не знаат,

кога немаат поим.

Да се ​​тргнат настрана кога болката не е нивна.


Поврзани објави

Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца

без блиц,шепоти и евтини анализи.

Не барам чуда.

Не барам свет

без врева.

Барем за тие неколку дена,

Бидете луѓе.

Не таблоиди.

Не ловци на туѓа трагедија.

Не доктори за се и сешто.

Само луѓе.

Со душа,ако ни остана.

Затоа што ако го прокоцкаме и тоа –

Нема ни што да се свири веќе.