Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како што објави Си-Ен-Ен, побара спогодба во висина од една милијарда долари од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA).
Федералната влада минатата седмица замрзна милиони долари кои беа наменети за овој универзитет. Ректорот на универзитетот, Хулио Франк, во писмо до академската заедница предупреди дека 584 милиони долари се суспендирани и се во опасност, што, според него, може да има “катастрофални последици за научно-истражувачката активност на институцијата.”
Според извори блиски до разговорите, претставниците на UCLA се вратија на преговарачката маса и ја искажаа својата подготвеност да дојдат до договор за деблокирање на парите. Си-Ен-Ен пренесува дека администрацијата на Трамп, наместо тоа, бара спогодба од една милијарда долари.
зш/фото ЕПА.