Пејачката се грижи за исхраната, но бројката на вагата ја изненади.
Теа Таировиќ, која неодамна се омажи за Иван Вардај, на настап во Црна Гора се појави во впечатлив розов костим. За медиумите откри дека е зафатена со летна турнеја и има многу планови, но не сакаше да ги открива сите детали.
Пејачката призна дека нема многу време за готвење и често јаде брза храна, иако се обидува да вежба и да јаде здраво. Сепак, вчера доживеала голем шок кога се качила на вагата во теретана.
Поврзани објави
Се измерив и едвај можев да поверувам, вагата покажа 70 килограми. Мислев дека имам 10 помалку. Јадам салати, риба, го изоставив месото, а сепак толку килограми?“, изјави таа со изненадување.
И покрај изненадувањето, Теа продолжува со своите активности и не дозволува бројот на вагата да ја спречи да ужива во музиката и во новиот живот со сопругот.
printskrin Youtube -extra fm tairovic