Почетна ЕкономијаНоемвриска средба 2026 посветена на алергијата на храна и анафилаксата во педијатриската практика

Ноемвриска средба 2026 посветена на алергијата на храна и анафилаксата во педијатриската практика

од nenad
1 минути читај за

Педијатриското респираторно здружение „ПЕДИАРЕС“, во соработка со Европската академија за алергија и клиничка имунологија (EAACI), денеска во Скопје ќе одржи „Ноемвриска средба 2026“, посветена на алергијата на храна и анафилаксата во педијатриската практика.

На средбата, како што најавува организаторот, ќе се дискутира за важноста на навременото препознавање, соодветното лекување и превенцијата на алергијата на храна и анафилаксата кај децата, како и унапредувањето на современите стандарди во педијатриската здравствена заштита.

Програмата опфаќа актуелни теми од областа на алергијата на храна и анафилаксата кај децата, со учество на еминентни домашни и меѓународни предавачи. Посебен акцент, како што е најавено, ќе биде ставен на практичната едукација, размената на искуства и примената на современите препораки во секојдневната педијатриска пракса.
Извор:МИА