Регионалниот центар за управување со кризи од Штип информира дека има пожар на отворено во Кочани. Пожарот се намира покрај магистралниот пат Кочани – Виница и гори стрниште, трска и стари автомобилски гуми, што предизвикува густ чад. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е на лице на местото на пожарот кој е лоциран наспроти фабриката за хартија. Пожарот е пријавен во 14,20, а пожарникарите од ТППЕ Кочани со три возила и осум пожарникари, со помош на неколку доброволци, брзо и ефикасно интервенирале за да го гаснат пожарот и да го спречат да се прошири. Во текот на акцијата, сообраќајот на патниот правец бил прекинат. Ситуацијата ја следат ЦУК и пожарникарите на теренот.
There is a dangerous fire in Kochani: A tall reed is burning along with many car tires.
77