Паун Иванов, групациски директор на Telelink Infra Services Group, за Економист – Светот во 2025-та.
Телелинк МК е основана во 2007 година и до денес има учествувано во најпрепознатливите инфраструктурни проекти во Македонија. Како дел од групацијата Telelink Infra Services, која има активности на 4 други пазари (Бугарија, Албанија, Германија, Англија), компанијата е лидер во професионалните инженерски услуги. Реализирала бројни големи проекти: трговски центри, аеродроми, системи за гранична контрола, безбедност на инфраструктура и паметни згради.
Тимот на Телелинк МК ја завршува 2024 со планови за раст.
Размислувајќи за успесите и предизвиците, како ја оценувате 2024 година?
2024 година беше предизвикувачка поради меѓународната криза, ослабената економија и парламентарните избори. Проектите во кои учествуваме се поврзани со инфраструктура, чии инвестиции се зависни од државата и приватниот сектор, кои често застојуваат за време на избори.
Во такви услови, најголемиот предизвик беше да ја задржиме стабилноста на екипата и профитабилноста, што го постигнавме преку реорганизација и дигитализација на процесите.
Сепак, веруваме дека ќе покажеме добри финансиски резултати за 2024.
Кои се проектите и иновациите кои посебно би ги истакнале како нешто што го диференцира Телелинк на пазарот?
Најголемиот и најкомплексен проект на Телелинк МК во Македониjа е East Gate Mall во Скопје. Овој проект беше значителен предизвик поради своите димензии и сложеност, особено земаjќи предвид дека беше реализиран за време на ковид- кризата. Дополнително, Телелинк беше ангажиран на изградба на аеродромите во Скопје и Охрид, како и на проектот за безбедносните и сообраќаjните системи на тунелот Пресека на автопатот Кичево – Охрид.
Нашата предност на пазарот се нашата стручна екипа и ефикасното користење дигитални алатки за следење на проекти и активности на терен во реално време, што обезбедува профитабилност и квалитет.
Поврзани објави
Во услови на предизвикувачки пазар на труд и недостиг на квалификувана работна сила, како гледате на инвестирањето во вештините на вработените и градењето репутација на посакуван работодавач?
Во денешниот динамичен и конкурентен пазар на трудот, инвестирањето во развој на вештините и квалификациите на вработените не е опција туку задолжение на секоја компанија која сериозно размислува за својата иднина. Нашата стратегија за долгорочно опстојување на пазарот е неминовно врзана со креирањето и задржувањето на една висококвалификувана и способна екипа.
Можам да се пофалам дека за најголем број вработени во Телелинк ова е прво или најмногу второ работно место, а преку 70% од нашите вработени се со нас подолго од 10 години. Инвестираме во младост и се трудиме да ги задржиме нашите вработени со перспектива за развој и професионална реализација.
Верувам дека сме атрактивен работодавач со нашата изразена корпоративна култура која почива на цврсти морални вредности, лојалност и коректност.
Телелинк МК има во моментот преку 100 вработени, од кои преку 30 се дипломирани инженери. Имаме одлично балансирана екипа во коja работат млади и амбициозни инженери заедно со професионалци калени во голем број проекти во државата и во странство.
Какви се вашите очекувања во 2025?
Очекувам 2025 да биде година на фокусирање на одржливата енергетика и декарбонизациjа на економиjата во согласност со европските директиви. Македонија ќе треба инвестира во циркуларна економија, реискористување и намалување на отпадот.
Очекуваме почеток на нови инфраструктурни проекти во енергетика, транспортниот и комуникацискиот сектор, како и во рециклирање и обработка на отпад.
Телелинк е подготвен да учествува со технологија и експертиза во реализацијата на модерна инфраструктура за да одговориме на потребите на државата и приватниот бизнис.
Текст: Економист – Светот во 2025-та
Фото: приватна архива