Штом ја приготвите, ставете ја во фрижидер и по секоја консумација враќајте ја назад
Сите обожаваме руска салата и таа е задолжителна на трпезата за време на зимските празници. Постојат различни рецепти за нејзиното приготвување, а секој од нив, покрај зеленчук, содржи мајонез и јајца. Многу домаќинки не знаат колку долго можат да ја чуваат во фрижидер, па ви даваме детален водич за тоа како правилно да ја чувате и кој е нејзиниот рок на траење.
Иако некои извори наведуваат дека руската салата може да се чува и до седум дена, експертите за безбедност на храна препорачуваат да се консумира најмногу три дена од приготвувањето. Овој краток рок особено важи за домашната руска (и француска) салата, приготвена од свежи состојки кои се поподложни на брзо расипување од индустриски обработените намирници.
Поврзани објави
- Чувајте ја во фрижидер на оптимална температура од 4 степени Целзиусови.
- Никогаш не оставајте ја салатата на собна температура подолго од еден час.
- Одвојувајте ја потребната количина за сервирање.
- Вратете го остатокот од салатата во фрижидер веднаш по послужувањето.
- Чувајте ја во херметички затворен сад.
- Одбегнувајте да ја покривате руската салата со фолија.
- Знаци дека руската салата е расипана се: промена на мирисот, појава на течност на површината, промена на бојата на состојките и непријатен вкус.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб / FFB Blonde in the Kitchen