Појавувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во спортска тренерка со ознаки од шпанската Ла Лига предизвика вистински бум на социјалните мрежи, а ефектите не изостанаа ниту на пазарот. Станува збор за модел произведен од „Најк“, кој за само неколку часа беше целосно распродаден од онлајн продавниците.
Фотографиите и видеата од јавниот настап на Мадуро брзо се проширија на интернет, при што корисниците масовно го коментираа необичниот избор на спортска облека, но и неочекуваниот маркетиншки ефект што го предизвика. Според податоци од трговците, побарувачката за тренерката нагло пораснала веднаш по нејзиното појавување во јавноста.
Иако „Најк“ официјално не се огласи за случајот, модните аналитичари оценуваат дека станува збор за уште еден пример како политичките личности, дури и ненамерно, можат да влијаат врз глобалните трендови и продажбата на спортска опрема.
Тренерката, која првично била наменета за навивачите на шпанската фудбалска лига, сега се смета за „култен“ модел, а дел од продавниците најавуваат нови залихи поради огромниот интерес.