Француската филмска икона Брижит Бардо, која денес има 90 години, важи за една од најубавите жени на сите времиња. Освен со својот изглед, таа привлекуваше внимание и со контроверзни изјави и однесување. Беше позната по тоа што се појавуваше разголена во филмовите, што ѝ донесе статус на секс-симбол на 20-от век.
Животот на оваа прочуена русокоса бил исполнет со интриги, скандали, бурни врски, алкохол и токсични односи, но најпознатиот и најболниот од нив бил односот со нејзиниот син Никола-Жак Шаре, кој денес има 65 години. Од самото раѓање, Брижит го третирала како „злобна маќеа“, без мајчинска љубов.
Младост обележана со турбуленции
На само 17 години се вљубила во францускиот сценарист Роже Вадим и сакала да се омажи со него. Нејзините родители се спротивставиле, поради што таа се обидела да си го одземе животот. На крајот, тие попуштиле и ѝ дозволиле брак, кој траел пет години. Потоа се омажила со актерот Жак Шаре, кој сакал семејство – нешто што длабоко го променило нејзиниот живот.
„Бременоста ми беше како болест“
Кога останала бремена на 25 години, Бардо изјавила дека тоа е најлошото нешто што ѝ се случило. Во своите мемоари напишала:
Бременоста ми беше како да имам тумор што ме јаде однатре, нешто што го носев во моето подуено тело.“
Деветте месеци на бременост ги доживеала како изгубено време. Се повлекла од јавниот живот, криејќи се од јавноста за да не биде видена со стомакот. Се чувствувала како затвореник, со утрински мачнини што дополнително ја мачеле.
Поврзани објави
Одбивање на мајчинството
Никогаш не успеала да се поврзе со својот син. Дури изјавила дека би била посреќна да родела куче наместо дете. Осум месеци по раѓањето на синот, Брижит повторно се обидела да изврши самоубиство, на својот 26-ти роденден. Следел развод, а судот му го доделил старателството на таткото.
Кога Никола имал 12 години, се обидел да живее со мајка му, но таа го одбила. Подоцна, кога наполнил 18 години, таа сакала да воспостави однос со него, но тој веќе не бил заинтересиран. Не ја поканил ниту на својата свадба, одлука која произлегла од длабоката болка што ја чувствувал поради неа.
Судски процеси и обид за смирување
Во 1990-тите нивниот однос кулминирал со судски спор заради неплаќање алиментација. Судот ја задолжил Брижит да му плати 250.000 франци. И покрај сè, во 2009 година мајката и синот повторно воспоставиле контакт и направиле обид да го поправат односот.
Приказната за Брижит Бардо не е само приказна за слава и убавина – таа е и потресна животна драма за мајчинството, емоционалните трауми и последиците на изборите кои ги носиме.
Фото: Инстаграм