Breitling го претставува Chronomat 36 Special Edition со седефаст бројчаник со ограничено производство од 25 примероци.
Швајцарскиот производител на часовници го претставува најновиот модел во својата колекција Chronomat: Chronomat 36 Special Edition. Ограничен на 25 промероци достапни во селектитани земји на Централна и Источна Европа.
Часовникот се карактеризира со комбинација од два ексклузивни материјали, црвено злато од 18 карати и бројчаник од седеф. Куќиштето е елегантно со големина од 36 mm, соодветна големина за женски часовник. Водоотпорен до 100 m, овој часовник може да ве придружува во секоја авантура, од бегство покрај плажа до софистицирана вечера.
Различнoто rouleaux ремче со folding clasp закопчување импресионира со својот дизајн и удобност.
Бројчаник во сива бисерна боја го карактеризира овој часовник со ограничено производствво. Ограничувањето „Еден од 25“ е врежано на задниот дел од куќиштето, што го прави вистинско колекционерско парче.
Chronomat Automatic 36 Special Edition часовникот го напојува Breitling Caliber 10 механизам со резерва на моќност од околу 42 часа, автоматско самонавивање и COSC сертификат кој е познат по својата прецизност и доверливост.
Оригиналниот Chronomat од 1984 година има посебно место во историјата, што го означува повторното оживување на швајцарската индустрија за часовници.
Неговото наследство инспирирало безброј часовници, вклучувајки и женски модели кои датираат од 1940-тите. Сè започна со елегантниот дамски „TransOcean“, часовник познат како „најпрекрасен израз на прецизноста на Breitling“ во 1957 година.
Во 1990-тите, Lady J даде храбра изјава, отворајќи го патот за серијата Galactic 2010 – спој на префинет луксуз и бескомпромисна техничка софистицираност.
Поновите надополнувања на женската колекција на Breitling ги вклучува безвременските Navitimer 36 и 32 и новата колекција Chronomat во соработка со моден бренд.
BREITLING
Основана во 1884 година, Breitling е водечки швајцарски производител на часовници. Иновативната компанија е позната по модерениот хронограф и е пионер во изработката на часовници за навигација.
Денес, сè уште пробива нови терени како секојдневен, инклузивен и одржлив луксузен бренд со повеќе од 260 малопродажни локации низ светот во индустриски стил.
Колекциите на Breitling се поделени во три категории : воздух, земја и море, овековечени во непогрешливиот модерен-ретро стил на брендот. Исклучителниот квалитет на секој механизам на часовникот го потврдува неговиот статус како хронометар со COSC сертификат, а брендот останува еден од неколкуте независни производители на часовници кои произведуваат сопствени (in -house) калибри.
Денес, мисијата на Breitling е да напредува во создавање квалитетни производи со многу подобри материјали, многу подобро производство, подобро пакување и следливост од крај до крај.
КАРАКТЕРИСТИКИ на CHRONOMAT 36 SPECIAL EDITION
ШИФРА: R103801A1G1R1
МЕХАНИЗАМ:
Поврзани објави
КАЛИБАР: Breitling Caliber 10
НАВИВАЊЕ: АВТОМАТСКО САМОНАВИВAЊЕ; ДВОНАСОЧНО
РЕЗЕРВА НА МОЌНОСТ: ПРИБЛИЖНО 42 часа
ФРЕКФЕНЦИЈА: 28,800 a/h or 4 hertz
Дисплеј: час, минути, секунди, дата
Сертификат: COSC-сертифициран
Материјал на куќиште 18k ЦРВЕНО ЗЛАТО
ДИЈАМЕТАР: 36 mm
ДЕБЕЛИНА: 10.01 mm
ВИСИНА: 43.3 mm
ВОДООТПОРНОСТ: НАД 10 БАРИ (100 m)
СТАКЛО: САФИРНО ДВОЈНО АНТИРЕФЛЕКТИРАЧКО
ПОЗАДИНА НА КУЌИШТЕ: ЗАТВОРЕНО, 18k ЦРВЕНО ЗЛАТО
КРУНА: БЕЗ ЗАВРТУВАЊЕ, ДВА ДИХТУНЗИ
БЕЗЕЛ: ЕДНОНАСОЧЕН ОД 18k ЦРВЕНО ЗЛАТО
ДАЈЛ/СТРЕЛКИ СИВ ДАЈЛ СО БИСЕРЕН СЈАЈ mother-of-pearl
Super-LumiNova® ПОДОБРА ВИДЛИВОСТ ВО ТЕМНИНА
РЕМЧЕ 18k ЦРВЕНО ЗЛ