Table of Contents
Иако често звучат како вистинско решение во борбата со вишокот килограми, повеќето диети се или измама, или нудат краткотрајни резултати, или не му ги даваат на телото клучните хранливи материи кои ги нуди само балансираната исхрана.
Веројатно ќе се запрашате: „Но, како да препознам која диета е лоша ако не сум ја пробала?“ Постојат знаци кои ќе ви укажат дека диетата која размислувате да ја започнете не е правилна за вас. Кажете НЕ на секоја диета која:
Предвидува внесување на помалку од 1.200 калории дневно
Жените се наежуваат при спомнување на зборот калории, но без нив не се живее. Со цел да донесат брзи резултати, многу строги диети го ограничуваат бројот на дозволени калории, и тоа под минималната граница за жени.
Нутриционистите советуваат дека минималниот број на внесени дневни калории за жените е 1.200. Секоја диета што ги ограничува калориите повеќе од тоа е штетна и треба да ја отфрлите.
Поврзани објави
Истакнува „магичен“ производ
Можеби сте слушнале за диетата со грејпфрут, која посочува дека ова овошје содржи „магична“ супстанција што согорува масти. Или пак, за диетата со супа од зелка. Тие се добар пример за диети кои ќе ви помогнат да ослабете поголем број килограми за кратко време, но на нездрав начин, бидејќи се изградени околу еден тип на храна. Не постои супер-храна која може магично да ги „избрише“ долготрајните последици од честото прејадување или отсуството на физичка активност.
Звучи премногу добро за да е вистина
Навистина звучат примамливо пораките „10 килограми помалку за 2 недели“ или „Изгубете 3 килограми за 5 дена“, но звучат и премногу добро за да се вистина. Тие треба да ви бидат како црвено знаменце основно поради две причини. Прво, за да нудат големо слабеење, тие препорачуваат план за исхрана кој е штетен за здравјето. Се препорачува неделно да се слабее 0,5-1 килограм. И второ, по брзо слабеење, килограмите се враќаат со уште поголема брзина.
Не препорачува физичка активност
Вежбањето и здравите диети одат рака под рака. Редовната физичка активност е клуч за создавање здрав план за слабеење и помага за долгорочно контролирање на тежината. Доколку диетата забранува или не препорачува физичка активност, најверојатно таа предвидува внесување на мал број калории кои нема да ви ја даваат неопходната енергија за вежбање. Здравите диети препорачуваат физичка активност најмалку по 30 минути трипати неделно.