Актерите се толку блиски што се чувствуваат како браќа, а можеби и се во право
Актерите Вуди Харелсон и Метју Меконахи делат цврста врска и силно пријателство, што ретко може да се види во Холивуд. Нивните семејства се многу блиски и секогаш се тука еден за друг.
Но во една пригода откриле некои интересни информации дека можеби не се само пријатели, туку и полубраќа!
Мајката на Меконахи прва ја развила оваа приказна. Во еден подкаст, актерот открил дека пред неколку години биле во Грција и разговарале за тоа колку тие и нивните семејства се блиски, кога мајка му одеднаш рекла:
„Вуди, го познавав твојот татко!“
Сите разбрале на што алудирала кога кажала „го познавав“, бидејќи го изговорила зборот со посебно значење.
По оваа исповед, актерите почнале да го проучуваат своето семејно стебло и малку по малку почнале да ги собираат сите податоци што ги знаеле за своите роднини. Така, дознале дека татко му Харелсон и мајка му на Меконахи биле во Тексас во истиот период кога родителите на Метју се развеле. Освен тоа, можните браќа нашле и сметки од местата каде што нивните родители се состанувале.
Поврзани објави
Едноставен ДНК-тест би можел да му стави точка на овој случај, но актерите за сега не планираат да го направат. Меконахи не крие дека се плаши да ја дознае вистината за себе и своето семејство:
„На Вуди му е малку полесно да каже: ‘Ајде да направиме ДНК тест’ – што има да изгуби? Мене ми е потешко, бидејќи преземам голем ризик. Тестот може да покаже дека татко ми не ми е татко. И онака се сомневам во ова веќе 53 години. Но можам да изгубам повеќе од Вуди“, објаснил актерот.
Метју додал и дека семејните фотографии предизвикуваат уште поголема забуна:
„Моето семејство мисли дека јас сум на некои од фотографиите на Харелсон, а неговото семејство мисли дека јас сум Вуди на многу мои фотографии.“
Да се потсетиме, таткото на Вуди Харелсон,Чарлс, во 1960 година бил осуден за вооружен грабеж, а 13 години подоцна завршил во затвор поради убиство. Во 1981 година повторно бил осуден на две доживотни казни за убиство. Повеќепати се обидувал да побегне, а неговиот познат син се обидувал да ја обели репутацијата на својот татко најмен убиец, но залудно. На крајот, Чарлс Харелсон бил пронајден мртов во затворска ќелија во 2007 година.
ФОТО: Инстаграм @officiallymcconaughey