Дознајте како настанува камен во жолчка и кои се првите симптоми
Каменот во жолчка е сè почеста појава. Бројот на луѓе што ги мачи овој проблем е во постојат пораст и на нашите простори, со тоа што жените заболуваат и до двапати почесто од мажите.
Како настанува?
Иако каменот во жолчка може да се формира во секоја животна доба, дури и кај бебиња и мали деца, најчесто жолчните камчиња се појавуваат на возраст помеѓу 30 и 60 години. Се смета дека главниот виновник за овој проблем е прекумерното консумирање храна богата со заситени масти (намирници од животинско потекло), што доведува до дебелеење и пораст на холестеролот во крвта, со зголемен ризик за појава на камења во жолчката.
Се верува дека и одредени проблеми со дигестијата можат да предизвикаат камен во жолчка.
Како изгледа кога боли жолчката или кога ќе дојде до појава на болеста позната како „камен во жолчка“? Ова се симптомите на кои треба да обрнете внимание:
Поврзани објави
- Кај 80 отсто од случаите нема симптоми
- Болка под десното ребро
- Болка во појасот на стомакот, која се проширува до грбот
- Болка во средниот или десниот горен дел на стомакот
- Мачнина
- Повраќање
- Покачена температура
- Жолтица
Докторите сметаат дека секое утро треба да земате мешавина од лимон и маслиново масло, бидејќи тоа ги прочистува внатрешните органи. Лимонот со масло го покачува и нивото на кортизол во организмот, што е неопходно за да се разбуди и подготви за работниот ден. Смесата од една лажица лимонов сок и една лажица маслиново масло можете да ја земате и наутро и навечер.
Оваа напивка единствено не се препорачува за луѓе што страдаат од воспаление на желудникот, бидејќи ним киселината само би им ја влошила состојбата.
Во секој случај, пред употреба на оваа напивка, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
ФОТО: Sasun Bughdaryan / Unsplash