Тропски вибрации во чинијата
Ако и вие ја обожавате азиската кујна, топло ви го препорачуваме слатко-лутото рижото на Виолета Силјанова (@cookingwithviki), кое за миг ќе ве одведе во Малезија. Уживајте во тропската атмосфера и во неодоливиот вкус на овој деликатес, кој несомнено ќе ви ја украси трпезата.
Состојки:
- 1 ананас
- 100 г ориз басмати
- 150 г ракчиња
- 1 чешне лук
- 2 млади кромитчиња
- 1 лажица соја-сос
- 1/2 чили-пиперче
- сол и бибер
- маслиново масло
Поврзани објави
Приготвување:
1. Пресечете 1/3 од кората на ананасот и издлабете го во внатрешноста.
2. Ставете ситно исечкано лукче да се пропржи на малку маслиново масло, па додајте ги ракчињата. Пржете кратко додека ја променат бојата, па додајте ситно исечкано кромитче, чили-пиперче и 1/3 од ананасот исечкан на мали коцки.
3. Продолжете да пржите уште 2 минути и на крај, додајте ги претходно сварениот ориз, соја-сосот, зачините, па измешајте го сето тоа убаво.
4. Оставете го рижотото да се олади малку, па наполнете ја со него внатрешноста на ананасот.
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА