Почетна Убавина и здравјеАлександар Динев – Македонскиот инфлуенсер го победи стравот и запеа во студио (Видео)

Александар Динев – Македонскиот инфлуенсер го победи стравот и запеа во студио (Видео)

од nenad
1 минути читај за

Младиот македонски инфлуенсер Александар Динев го направи својот прв сериозен чекор кон музиката – снимање во професионално студио и јавно споделување на својата приказна, која веќе инспирира илјадници луѓе на социјалните мрежи.

Во емотивниот пост под видеото, Александар искрено признава дека како дете сакал да пее и да танцува, но немал услови ниту храброст да се посвети на тоа. Денес, како што вели, условите постојат – останал само стравот.

„И искрено, не знам зошто толку се плашам од нешто што ме прави среќен. Зошто ми е тешко да пуштам глас пред други. Да бидам свој, па макар и несовршен.“

Поврзани објави

Со силна порака до својата публика, тој додава:

„Не мораш да си пејач за да пееш. Треба само да ја сакаш музиката и да се осмелиш. Ова видео е мојот обид да го победам стравот. И да си дозволам да бидам јас.“

Посебна благодарност Александар упати до @sing.with.miha, студиото и неговиот професор по пеење, кој за него не е само наставник, туку и ментор:

„Ми покажа дека гласот не е само техника, туку емоција, искреност и храброст. Благодарен сум што имам простор каде што можам да учам, да грешам, да се ослободувам и полека да си го најдам сопствениот звук.“

Видеото веднаш привлече големо внимание, а коментарите се преполни со позитивни реакции и поддршка, при што многумина истакнуваат дека Александар „навистина добро звучи“ и дека треба да продолжи по овој пат.

Со овој искрен и храбар чекор, Александар Динев млад не само што ја започнува својата музичка приказна, туку испраќа и силна порака до младите – дека стравот не треба да биде пречка за она што нè прави среќни.