Хрватската пејачка Маја Шупут се најде на удар на корисниците на социјалната мрежа Х поради нејзиниот стајлинг, кој неодоливо наликува на изданието на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша…
Маја Шупут сподели фотографии од снимањето на емисија што се емитува на хрватска телевизија, а по тој повод привлече огромно внимание со својот стајлинг.
Пејачката позираше во латекс комбинезон и флуоресцентна зелена перика, а ова нејзино издание многумина потсети на идентичниот аутфит што го носеше балканската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша во спотот за песната „Karli bič”.
Неверојатната сличност не им избега на корисниците на социјалната мрежа Х, кои меѓу другото истакнаа дека Маја треба да биде пооригинална, но и дека изгледа како „кинеска копија“ на српската пејачка.
IT’S CALLED ORIGINALITY.
YOU SHOULD TRY IT SOMETIME.#caosvima pic.twitter.com/t6luwDs5vg— hrabri pero (@karlooo777) September 29, 2024
Поврзани објави
За потсетување, Маја Шупут (45) е хрватска пејачка родена во Загреб, а многумина ја нарекуваат „кралица на свадбените веселби“.
Фото: pexels/Leeloo The First и printskrin/Instagram/majasuput, printskrin/Instagram/karleusastar
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: