Во јавноста се појави фотографија која досега не ја видела светлината на денот, а на која може да се види колку Мирослав Илиќ бил близок со Мирјана Антоновиќ, жената која тврди дека со пејачот го добила синот Девин!
Оваа фотографија е доказ дека деновите ги поминувале заедно, иако Илиќ со години се обидува да ги прикрие приказните и покрај бројните сведоштва и судските случаи поврзани со татковството.
Фотографијата која е направена додека Мирјана Антоновиќ била бремена, открива интимност која пејачот никогаш не сакал да ја види јавноста.
Мирјана Антоновиќ, жената чие име со години е во медиумите поради борбата за признавање на татковството над синот Девин, никогаш не го криела своето минато со популарниот пејач.
Поврзани објави
Напротив, отворено зборуваше за нивната љубов, но Мирослав упорно негираше дека има некаква врска со неа – се до моментот кога ДНК тестовите го покажаа спротивното! Но, фолкерот повторно поднесе жалба до Апелациониот суд.
Инаку, Мирослав Илиќ со години тврдеше дека Мирјана Антоновиќ „смислува приказни“ и дека никогаш не биле во сериозна врска.
Фото: printskrin Youtube/ UNA televizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: