Почетна Убавина и здравјеКако живее највисоката жена на светот? Висока е 2,15 метри, се вози во комбе и не може да си најде облека!

Како живее највисоката жена на светот? Висока е 2,15 метри, се вози во комбе и не може да си најде облека!

од nenad
2 минути читај за

Румејс Гелги е позната како највисоката жена на планетата, а еве како изгледа нејзиниот живот

Румејс Гелги целиот живот се школувала дома. Кога имала шест години, веќе била исклучително висока и постојано била исмејувана, бидејќи растела во земја каде што се сметало дека момчињата и мажите треба да бидат повисоки од жените.

Румејс со години го држи рекордот како највисока жена на светот, и тоа поради Виверовиот синдром што се има појавено само кај 50 луѓе во целиот свет. Таа не ја доживува оваа состојба како благослов или среќа, туку како проклетство. Вели дека целиот живот се чувствува како дете заробено во телото на возрасен човек. Поради нејзината висина, целиот живот очекувале од неа да биде возрасна.

Живот во болница и под лекарски надзор

Додека растела, Румејс имала низа операции. Првата била кога имала само една година, и тоа на отворено срце. На три години се оперирала од стомачни кила. Кога наполнила 5 години, поминала пет месеци кај физиотерапевт, за да може да прооди, и тоа со помагало.

Во 2013 година имала две операции за сколиоза, по што нејзиното движење се подобрило.


Поврзани објави

Румејс сега е фокусирана на физиотерапевтски вежби, но и покрај сите напори, таа може да се движи само со помош на инвалидска количка и помагало.

„Мојот живот не беше лесно патување“, вели оваа жена која признава дека во текот на целиот живот имала голема поддршка од околината, особено од родителите.

Животот е постојано приспособување за неа, на пример, во однос на облеката. За неа не постои доволно голема облека, па одамна дошива, прекројува и крпи за да ѝ стои гардеробата како што треба.

Поради висината, не може да се вози со стандарден автомобил, па користи комбе. Дома користи мебел по мерка, бидејќи не постои кревет со стандардна величина на којшто би можела да спие.

„Јас сум физички инвалид“, вели оваа девојка која храбро се бори секој ден.

Вели дека голем сон ѝ е да си најде партнер, да доживее љубов. Моментално живее во Калифорнија, каде што добива соодветна нега за своето тело.

ФОТО: Инстаграм @rumeysagelgi