96
Во една од последните епизоди на израелскиот поткаст „Two Nice Jewish Boys“ отворено беа упатени повици за геноцид врз Палестинците во Газа. Застрашувачките изјави, вклучително и бизарното оправдување за убиството на палестинските деца, предизвикаа бес на социјалните мрежи. Истражувањата на јавното мислење покажаа дека околу две третини од Израелците го поддржуваат нападот врз Газа, во кој загинаа над 40.000 Палестинци, главно жени и деца.