Сиена Милер заблескала во провокативен стајлинг, облечена во бела тантела под која носела само гаќички
Сиена Милер одлучила да издоминира во Венеција во необичен и смел стајлинг, во бел, проѕирен комбинезон, под којшто носела само гаќички.
Градите делумно ги покрила со косата, додека на нозете носела црни, кожени чизми. Вака провокативен стајлинг може да звучи како модна утка на векот, но за Сиена тој е полн погодок!
Овој необичен комбинезон со широки ногавици со миди-должина го потпишува модната куќа Chloe, а Сиена го надополнила со златен ремен со испишано име на брендот, кој ја разбил оваа комбинација и ја направил уште поатрактивна.
Инаку, Сиена неодамна родила уште една ќеркичка, но тоа не се забележува на нејзиното тело. Таа нема ни грам вишок, што може да се забележи од фотографиите направени во Венеција.
Поврзани објави
Покрај во професионалниот живот, на Сиена ѝ цутат рози и на приватен план. Таа е во сериозна врска со 15 години помладиот Оли, со кого сега добила и дете.
„Не очекував дека ќе го сфатам сериозно, но многу брзо се вљубив. Воопшто не ми беше целта да најдам помлад дечко. Дури и си реков: ‘Штета! Зошто си млад? Тоа е толку здодевно’. Постои разлика во начинот на којшто таа генерација на мажи ги почитува жените.
Тоа е специфично за него, многу е мудар и приспособлив, но верувам дека тоа важи и за целата таа генерација.
Тие имаат пораснато во услови на родова еднаквост. Тоа се гледа по неговото друштво.“
Како ви се допаѓа овој стајлинг на Сиена?