Почетна Убавина и здравје„Благодарна сум на моите деца кои остануваат позитивни без разлика што ќе ми се случи“ – Убавина и здравје

„Благодарна сум на моите деца кои остануваат позитивни без разлика што ќе ми се случи“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Актерката Тори Спелинг моментално е во болница по неоткриена медицинска причина. Ова е четврти ден како е хоспитализирана. За веста самата ги извести своите следбеници откако објави фотографија на социјалните мрежи.

Последниот пат кога Спелинг ги освои насловните страници беше поради тоа што, поранешната богата наследничка која ги потроши парите на татка си, заедно со своите деца живее во подвижна приколка, а од домот се преселила поради мувла.

Според нејзината објава на Инстаграм на нејзината рака има болничка нараквица и број IV, а таа објаснува „4-ти ден овде и толку многу ми недостигаат моите деца“.

Благодарна сум и толку горда на моите силни, храбри, издржливи и љубезни деца кои остануваат позитивни без разлика што ќе ми се случи“, додава Тори.

Тори не откри зошто е хоспитализирана, но познато е дека првпат била примена во болница на 17 август.


Поврзани објави

Според TMZ, живеењето во приколка било само привремено, а постои сомневање дека нејзината мајка која го наследила богатството на Арон Спелинг (таткото на Тори) не сакала да ѝ помогне на банкротираната богаташка. Меѓутоа, медиумот тврди дека Тори и мајка ѝ (Кенди Спелинг) веќе разговарале и постои шанса да се смират. „Ја сакам ќерка ми и ја поддржувам во што и да прави… Ја поддржувам ќерка ми, што да ви кажам?“ – им одговорила Кенди на новинарите.

Не е јасно дали веќе Тори ја добива помошта и поддршката од мајка си.

 

Инаку, според Пипл, страшната кавга меѓу мајката и ќерката датира од минатото, уште пред десетина години, а била поврзана со лошите инвестиции на поранешниот сопруг на Тори, Мекдермот.