40
Aндреа Пирло на клупата на Сампдорија доби отказ по само три кола и очајниот старт на сезоната. Сампдорија има за цел да се врати во најсилната италијанска конкуренција, но во првите три кола од сезоната освои само еден бод. Таквата ситуација беше доволна причина клубот од Џенова да го отпушти. Ќе потсетиме од сезонава за тимот на Сампдорија настапува и Никола Секулов. Веќе е познат и наследникот на Пирло, а тоа ќе биде Андреа Сотил.