61
Ги демантирам сите клевети и обвинувања објавени денеска во медиумите во врска со мојата диплома. Тоа е тема која беше разјаснета во минатото, но се чини дека некој се храни со нешто непостоечко. Јас тогаш кажав, и сега кажувам, мојата диплома на Универзитетот во Приштина е оригинална. За ова има решение и во ОЈО Куманово од 12.05.2020 година, кое е донесено на оваа тема. Сите кои се хранат со вакви клевети и обвинувања наскоро ќе се соочат со мене на суд! Средствата што ќе ги заработам ќе ги поделам за да купам лекови за децата на кои им требаат, а не можат да ги купат.