Денеска во Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и многу топло време, но со благ пад на температурите и со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8. Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Температурата ќе достигне до 39 степени.
Додека пак во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и почетокот на следната недела на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
- Давитковски: Секоја партија кога е во опозиција бара дебата по сите закони, кога ќе дојде на власт практикува скратена постапка
- 70% ОД ТРГОВИЈАТА НА РЕГИОНОТ Е СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Без бариери би се оствариле и подобри резултати
- Како дојде од „војната ќе ја решам за 24 часа“ до „ова не е наша војна“ – дали Трамп ја „лизнува“ Украина?!