Додека некои познати Македонки ја кријат бременоста до последен момент, други немаат проблем најубавата вест да ја споделат со своите фанови.
Во изминатите неколку месеци, повеќе македонски инфлуенсерки на уникатен начин објавија дека се бремени. Некои од нив го очекуваат своето прво дете, а други второто, но секоја од нив блеска со труднички сјај на фотките кои ги објавуваат на социјалните мрежи.
Во мај 2024, Ангела Ѓоргиева објави фотосесија со сопругот и синчето Лиам, кој држи ехо-снимки од второто бебе кое парот го очекува оваа есен.
Во јуни 2024, битолчанката Александра Шијакоска ги покажа трудничкото стомаче и ехо-снимка од бебето кое го очекува.
Овој март, инфлуенсерката Валерија Преспаноска редовно објавува фотки од кул модни аутфити со трудничко стомаче.
Поврзани објави
Инфлуенсерката Софија Јанева, на 13 август објави фотки од откривањето на полот во скопски локал за најблиските – со балони во розова и сина боја, ехо-снимки и табла за гостите да погодуваат. Софија очекува момче.
Македонската планинарка и инфлуенсерка Ирина Дишовска, сопруга на Павле Камилоски, во јули годинава објави фотка со трудничкото стомаче и неодамна соопшти дека синот Јосиф ќе добие сестричка.
Фото: Инстаграм