Почетна ЕкономијаФилков од Смилево:Илинден и АСНОМ се темелот на отпорот за слобода

Филков од Смилево:Илинден и АСНОМ се темелот на отпорот за слобода

од nenad
1 минути читај за




Министерот за правда Игор Филков беше дел од владината делегација која во демирхисарското село Смилево положи цвеќе на могилата на Даме Груев, на споменикот на Смилевските илинденци и на спомен плочата на партизанскиот одред. Илинден е најголем празник на државата кога се оддава почит на борците за македонската кауза чија пожртвувана борба е вткаена во темелите на нашата државност изразувајќи го континуитетот и стремежот на нашите граѓани за создавање на своја држава.