Почетна ТехнологијаСончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност

од nenad
1 минути читај за

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

   

Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.Во деновите од викендот, како што информираат од УХМР, ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност.Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.