Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.
„Мартимекс“ подготви прекрасен подарок за 1 читателка на најновиот број на „Убавина и здравје“ – мирис Atkinsons Mint & Tonic EDP.
Mint & Tonic by Atkinsons е цитрусен ароматичен мирис за жени и мажи, лансиран во 2018 година. Горните ноти се лајм, нане и грејпфрут; средните ноти се ѓумбир, гераниум и мандарински портокал; основните ноти се ветивер, кедар и мошус.
За ова најсвежо издание, со радост го ‘ограбивме’ спокојството на англиската градина за да го воздигнеме хербалниот божји дар – нането, кое е инспирацијата за возбудата која ја носи парфемот Atkinsons Mint & Tonic“, порачуваат од Atkinsons.
Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.
Поврзани објави
Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември.
Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта.
Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!
Текст и фото: ПР