Почетна Убавина и здравјеФаталната бринета ја поврзуваа со грчки принц, а сега се шушка дека е со славен спортист – Убавина и здравје

Фаталната бринета ја поврзуваа со грчки принц, а сега се шушка дека е со славен спортист – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Атрактивната Брукс Нејдер, позната како „кралица на бикините“, ѝ го привлекува вниманието на јавноста поради шпекулациите за врската со славниот спортист Том Брејди

Странските медиуми пишуваат дека Том Брејди и атрактивната манекенка и актерка Брукс Нејдер биле многу блиски летови, но тие немаат потврдено дека се во љубовна врска.

Брукс Нејдер ѝ го привлече вниманието на јавноста со соработката со магазинот Sports Illustrated, каде што првпат се појави во 2020 година. Благодарение на бројните кампањи и фотографии во костими за капење, брзо станала едно од најпрепознатливите лица во светот на моделството, поради што одредени медиуми ја нарекоа и „кралица на бикините“.

Пред да изгради манекенска кариера, Нејдер дипломирала финансии и финансиски менаџмент, но набрзо сфатила дека сака да се занимава со моделство.


Поврзани објави

Од друга страна, Том Брејди е еден од најпознатите американски спортисти и поранешен сопруг на супермоделката Жизел Бундшен. Токму поради неговото славно име, секоја фотографија со ново женско лице во негово друштво привлекува големо внимание.

Брукс претходно била во брак со Били Хајри, од кого се развела во 2019 година, по што ѝ се посветила на кариерата.

Пред Брејди, ја поврзувале и со принцот Константин Алексиос од Грција и Данска, откако заедно се појавиле на венчавката на Оливија Кулпо и ѕвездата на НФЛ, Кристијан Мекефри. Сепак, излезе дека тогашните шпекулации за нивната романса биле неосновани.

ФОТО: ИНСТАГРАМ