-Нашите луѓе од „Македонски шуми“ и покрај тоа што се без здравствено осигурување, се трудиме да го надминеме тој проблем од причина што ние сме како ново раководство десетина дена таму, а се соочивме со невидена дупка, буквално луѓето ни беа оставени на влечки да гасат. Тоа е реалноста со која се соочивме. Но лека полека ја надминуваме, рече Михаилов.
На прашањето како луѓето од ЈП „Македонски шуми“ се оставени без заштитни униформи и буквално како што рече тој гасат по влечки, Михаилов вели дека изминатите години ништо не е инвестирано.
– Значи тоа што го имаме нели сега условно кажано по влечки, е земено поодамна во периодот неколку години наназад, нема некои посебни инвестиции во делот на заштитата, во делот на опрема на луѓето и тоа е навистина нешто коешто е проблем. Еве конкретно се соочуваме со еден огромен проблем којшто ја тишти Македонија десетина дена, а за жал нашиве луѓе се на првиот бран од оваа приказна такви какви што се, вели Михаилов.Јавното претпријатие има околу 2.000 вработени и 84 возила специјализирани за гаснење на шумски пожари. Но, поради кризата во претпријатието кое ги доцни платите на вработените, возилата немаат гориво за да излезат на помош во гасењето на пожарите