Јелена Карлеуша на својот инстаграм-профил објави фотографија која шокираше многумина.
Пејачката Јелена Карлеуша освен по бројните хитови е позната и како голем љубител на животни, а за нивните права редовно се залага на социјалните мрежи.
Карлеуша денеска на својот инстаграм-профил објави шокантна фотографија од куче кое некој брутално го убил!
Поврзани објави
„Брутално убиени кучиња од азилот во Рума“, гласеше описот на објавата која пејачката ја реобјави на својот Инстаграм, и додаде:
Барам итна реакција од надлежните! Итно, итно!
Треба да се има предвид дека сторителите на ваквите дела треба да се пријават во полиција и да се изведат пред лицето на правдата не само поради стореното кривично дело, туку и затоа што многу често се случува да се способни истото да го направат и на човек. Убивањето на животни бeз причина многу често укажува на форма на психопатолошко однесување, што ги прави таквите луѓе опасни и за општеството.