Време е за одмори, патувања и релаксација. За жал, може да е и време на немили настани, како што се провални кражби, пожари и пукање на цевки.
За да ја намалите можноста да ви се случат слични непријатности, прочитајте ги нашите совети:
1 Затворете ја добро водата пред да заминете на патување.
2 Проверете дали сте го затвориле гасот.
3 Не оставајте ги прозорците полуотворени.
4 Ако живеете во куќа, проверете дали правилно сте ги затвориле подрумските простории.
5 Не оставајте порака на телефонската секретарка дека сте на пат и пренасочувајте ги повиците кон вашиот мобилен телефон.
Поврзани објави
6 Не објавувајте на социјалните мрежи информации дека одите на патување.
7 Оставете ги своите вредни предмети и готовина во банка.
8 Сензорното осветлување може да ги исплаши кратците и да го осветли пристапот до куќата или станот.
9 Побарајте од доверливо лице периодично да го посетува вашиот дом, да ги вклучи светлата и да ги подигне ролетните. За секој случај, нека го испразни и вашето поштенско сандаче.
10 Обезбедете здравствено патничко осигурување и одморете се без непотребни грижи.
Текст и фото: ПР