Ерик Робертс тврди дека му е забрането да зборува за познатата сестра Џулија и ќерка му Еми
Актерот Ерик Робертс си ја отворил душата и рекол дека му е забрането да зборува за својата ќерка Еми, како и за сестра му Џулија. Но и покрај тоа што му е кажано да не зборува за својата наследничка, понекогаш, едноставно, не може да се воздржи.
Холивудската ѕвезда се појавила во епизода од подкастот Still Here Hollywood, каде што му поставиле прашање за славната сестра Џулија Робертс.
Во еден момент, Џулија беше една од најпознатите личности во Холивуд, иако сега, наводно, претпочита да стои подалеку од светлината на рефлекторите. А нејзиниот стремеж да си ја зачува приватноста го истакнал и брат ѝ Ерик во споменатиот подкаст.
Кога го прашале за неа, тој останал воздржан на таа тема и не сакал да каже ни збор. Кажал:
„Ќе морате да ја прашате неа. Ја сакам мојата сестра, но не можам да зборувам за неа. Таа не сака да се зборува за тоа.“
Интервјуто се случило откако Џулија, наводно, се налутила поради мемоарите на Ерик „Пропуштениот воз: или приказната за мојот живот досега“, кои би требало да бидат објавени во септември.
Неговата сестра не е единствената што му кажала на Ерик да не зборува за неа. И неговата ќерка Ема Робертс, наводно, му забранила да зборува јавно за неа. Тој додал:
„Не би требало да зборувам за ниту една од нив две. Но зборувам.“
Поврзани објави
Актерот потоа објаснил зошто едноставно не може а да не зборува за својата сестра, особено за својата ќерка:
„Вљубен сум во работата на ќерка ми периодов. Не можам да поверувам дека станала толку добра. Толку сум горд на неа што не можам да не ја пофалам.“
Актерот додал:
„И јас сум многу среќен што сум нејзин татко, бидејќи таа растура. И многу сум горд“.
Ерик, исто така, ги искоментирал шпекулациите за непотизмот околу Ема, велејќи дека тој не придонел на апсолутно никаков начин за нејзиниот холивудски успех.
Ема претходно предизвика хаос со тврдењето дека „изгубила повеќе работни понуди одошто добила поради познатиот татко.“
Кога објаснила зошто се чувствувала така, таа рекла:
„Луѓето имаат свое мислење и понекогаш тоа не е добро мислење за членовите на вашето семејство. Никогаш не сум добила работа поради моето семејство, но знам дека дефинитивно имам изгубено неколку работни понуди поради него.“