Почетна Убавина и здравјеИгор Џамбазов денес наполни 61 година! – Убавина и здравје

Игор Џамбазов денес наполни 61 година! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Нашиот врвен актер, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, текстописец и што уште не, маестро Игор Џамбазов денес наполни 61 година, а на неговиот Инстаграм профил објави видео на кое што ја пишува само бројката 61 со роденденска музика во позадината, а под самото видео многумина му посакаа убавини и среќа.

„На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол баш премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена. Другото е историја…и по малку театар и музика.“ – напиша Игор во описот на видеото.

Поврзани објави

Џамбазов доби убави честитки од многу јавни личности меѓу кои и: Снеже Велков, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Антониа Гиговска, Пере Нокаут, Сара Мејс, Лила Филиповска и многу други.