Почетна Убавина и здравјеВкусна фритата со тиквички, совршен летен оброк! – Убавина и здравје

Вкусна фритата со тиквички, совршен летен оброк! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Кога децата бараат пица, а вие сакате да им понудите поздрав и полесен оброк – Veggie Frittata од тиквички е одлична замена (дури и ако изгледа слично)

Фритата е совршено вкусно и лесно летно јадење, кое е готово за половина час! Можете да го послужите како ручек, ужина или вечера.

Состојки:

Поврзани објави

3 рендани тиквички,
1 ситно сечкан кромид,
1 рендан морков,
1 сечкана црвена пиперка,
3 лажици масло,
1 лажичка сол,
малку црн пипер по вкус
3 јајца,
1,5 шолји млеко,
2 чаши брашно
150 грама рендано сирење.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да се исцедат. Потоа исцедете ги и измешајте ги со другиот сечкан зеленчук. Зачинете го зеленчукот и измешајте.
Во посебен сад се матат јајцата, се додава млекото и се меша. Додадете го брашното полека, постојано мешајќи.
Кога ќе добиете изедначена смеса, измешајте ја со зеленчукот и ставете ја во подмачкана тава.
Одозгора изрендајте чедар сирење.
Печете 35 минути.