Летот бил откажан, па од аеродромот се упатиле кон автомобилот…
Пејачката и членка на жирито на Ѕвездите на Гранд, Марија Шерифовиќ, пред две недели ги однесе синот Марио и мајка си Верица Шерифовиќ на првиот заеднички зимски одмор.
Иако годинава ја избраа Јахорина, која е релативно блиска, Верица инсистираше да отпатува со авион за Сараево и таму се појавија првите проблеми.
Летот бил откажан, па од аеродромот се упатиле кон автомобилот и по речиси пет часа на силен снег стигнале до планината.
На зимувањето им се придружија кумовите, па сите заедно поминаа неколку дена.
„Сине, ова не е за нас, види мајка, само на плус 30“, рекла Марија во блогот, посочувајќи дека не е голем љубител на снегот.
Поврзани објави
Веднаш од Јахорина, Марија со семејството се упатила кон Сараево, каде имала закажан концерт, но се појавиле нови проблеми.
Верица останала парализирана поради силни болки во грбот, па Марија морала да и ги обезбеди сите потребни лекови кои ќе и помогнат да закрепне што е можно побрзо.
Како изгледаше зимскиот одмор на Марија Шерифовиќ со семејството погледнете ОВДЕ
Фото: printskrin Youtube/blic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: