Како би било тоа и преку која институција на Европската Унија би бил механизмот, да се остави на идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да преземе таков товар на одговорност, но без јасни гаранции, јас верувам дека таков процес не би бил одржлив, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и повтори дека до добивање такви гаранции неговата партија нема да поддржи уставни промени за внесување на Бугарите.
Со добра комуникација и дипломатска офанзива, во корелација со земјите членки и институциите на Европската Унија, мислам дека е возможно да се разговара за некоја форма на гаранции дека земјава нема повторно да биде уценувана од Бугарија во пристапните преговори со ЕУ, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Но, додаде Муцунски, тоа треба да се остави да го издејствува идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Прашан под какви околности би поддржале уставни измени, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека прво сакаат да разговараат какви гаранции би имала Македонија дека нема да биде предмет на ваков профил на уцена што го добиваме од еден наш сосед кој не е базиран на стандарди на ЕУ.
На забелешката дали воопшто е можно да се дабијат некакви гаранции од ЕУ, со оглед на начинот на кој функционира Унијата, Муцунски одговори:
„Верувам дека е возможно со добра комуникација и добра дипломатска офанзива, во корелација со земјите членки и институциите на Европската Унија. Јас мислам дека е возможно со чинителите во Брисел да се разговара за некоја форма на гаранции. Како би било тоа и преку која институција на Европската Унија би бил механизмот, да се остави на идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да преземе таков товар на одговорност, но без јасни гаранции, јас верувам дека таков процес не би бил одржлив“, вели Муцунски.