Португалската Дирекција за заштита на потрошувачите (ДЏЦ) објави во средата дека има намера да казни три компании за користење на националното знаме за продажба на алкохол. За прекршување на овој дел од португалскиот закон се предвидени казни од 2.493,98 до 24.939,89 евра. Според резултатите од истрагата на ДЗЦ, три компании користеле социјални мрежи за рекламирање на своите производи кои содржат алкохол, користејќи ги националните симболи на Португалија, односно знамето на оваа земја.
Исто така, оваа дирекција побара да се пополни „дупката во законот“ поврзана со забраната за рекламирање на алкохолни пијалаци од 7.00 до 22.30 часот. Според сегашниот Закон, оваа забрана се однесува само на „традиционалните“ медиуми, односно телевизијата и радиото. Бидејќи повеќето компании сега активно се занимаваат со маркетинг на социјалните мрежи, ДЏЦ побара реакција од законодавните тела за да се модернизира овој закон, објави Кликс.ба.