Почетна Убавина и здравјеБред Пит и со женска капа на главата изгледа како Бог на мачо-мажите (ФОТО)

Бред Пит и со женска капа на главата изгледа како Бог на мачо-мажите (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Згодниот 60-годишен актер носи ултрамодерна комбинација, која ни 40 години помладите момци не би ја носеле толку добро!

Во неделата, Бред Пит со своето присуство го красеше Британското ГП на патеката Силверстоун, а друштво му правеше и неговата девојка Инес де Рамон. Двојката пристигна на трката држејќи се за раце и во одлично расположенир, со широки насмевки на лицата, а и двајцата беа младешки стилизирани и во духот на самиот настан – лежерно и кул.

Актерот е еден од ретките мажи кои веројатно би изгледале добро и во циркуски комбинезон, па слободно може да флертува со трендовите и да се појавува во изданија кои не се совршени.

За оваа пригода, холивудскиот актер избра урбана и ноншалантна комбинација, која веднаш паѓа во очи благодарение на светлата, специфична боја. Имено, Пит се одлучи за многу модерна светложолта нијанса, која моментално го подигнува расположението и шири добра енергија.

Поврзани објави

Познатиот 60-годишен актер искомбинира во светложолти панталони со малку порелаксиран крој со тренди бомбер-јакна во малку поинтензивна нијанса на истата боја и под која ѕиркаше памучна бела маичка. Изгледот го заокружи со рибарска капа со пепито-дезен и очила за сонце.

Инес де Рамон изгледаше многу привлечно во удобниот, лелеави фустан во светлосина боја, а на стајлинот му додаде и робусни црни чизми со блок-потпетица и сива брендирана чанта.

Дискретното синџирче и модерните очила за сонце ја комплетираа оваа модна приказна.

Дали ви се допаѓа изданието на Пит? Пишете ни во коментари!