Почетна ЕкономијаЕВРО2024: Англија трет полуфиналист – МАКТЕЛ

ЕВРО2024: Англија трет полуфиналист – МАКТЕЛ

од nenad
0 минути читај за
Швајцарија поведе во 75 минута со голот на Емболо, но само пет минути подоцна Сака донесе израмнување на резултатот.

Откако во двете продолженија мрежите мируваа, третиот полуфиналист на ЕВРО2024 го одлучи пенал серијата во која Англичаните ги реализираа сите пет удари од белата точка, а Пикфорд го одбрани ударот на Аканџи и ја однесе Англија во полуфиналето.Противник на составот на Герет Саутгејт за место во финалето ќе биде победникот од вечерашниот четвртфинален дуел меѓу Холандија и Турција.Првата полуфинална двојка вчера ја комплетираа Шпанија и Франција. ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024