Џеф Безос и Лорен Санчез одлучиле своите 50-ти да ги претворат во 30-ти – нивниот живот се претворил во непрекинат одмор, лудување и забава
Лорен Санчез и Џеф Безос моментално се во Грција на нивната луксузна јахта, а друштво им прават Ким Кардашијан, фудбалерот Тони Гонзалес поранешниот сопруг на Лорен и неговата сегашна жена.
Ова необично друштво максимално ужива во убавините на Грција, додека папараците ги уловиле како се забавуваат на море.
Лорен носела бикини и возела скутер, а нејзиното мускулесто тело ги воодушевило сите.
Иако има 54 години, оваа жена изгледа неверојатно.
Поврзани објави
„Не ја обожавам, но се гледа колку е посветена на вежбањето“, „На овие мускули би ѝ позавидел секој маж“, „Оваа жена е ѕвер“, „Не би сакал да се степам со неа“, „Навистина изгледа неверојатно“, „Секоја чест за истрајноста“, се само дел од коментарите.
Да се потсетиме, не е познато кога точно започнала врската меѓу водителката и милијардерот, но нивната афера ја разоткриле медиумите во јануари 2019, додека Безос сè уште бил во брак со сопругата Мекензи Скот. Тој скапо ја платил својата слобода и можноста непречено да ужива во љубовта со Лорен – разводот го чинел 38,3 милијарди долари, но и 19,7 милиони акции во Амазон.
Интересно е што и Санчез била во брак во моментот кога се обелоденила романсата, а нејзиниот тогашен сопруг Патрик Вајтсел, извршен директор на холивудската агенција WME, наводно ја запознал со Безос. И таа се развела во април 2019, исто како и нејзиниот сегашен партнер.
Оттогаш тие често се појавуваат заедно, практично се неразделни и не се воздржуваат од разменување нежности во јавност. Лорен го доби прекарот „јадачка на мажи“, бидејќи ова не е нејзината прва прељуба со оженет маж.