Каролина Гочева повторно ги изненади своите следбеници.
Нашата поп-дива реши да направи пауза од градскиот метеж и да побегне на вистински тропски рај – Сејшелите. Во друштво на својата голема љубов, сопругот Михаил Корубин, Каролина ужива во сонцето, тиркизното море и мирот што го нудат овие егзотични острови.
Поврзани објави
Пејачката ги почести своите фанови на Инстаграм со неколку фотографии кои веднаш привлекоа огромно внимание. На нив, Каролина блеска со своето совршено тело, природна убавина и препознатливата елеганција, додека во позадина се протегаат магичните пејзажи на Сејшелите – палми, бел песок и кристално чисто море.
Коментарите и лајковите не изостанаа, а следбениците едногласно се согласија: Каролина никогаш не изгледала поопуштено, посреќно и поубаво. Очигледно, љубовта, одморот и природата ѝ годат совршено.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DUgTo3tCrcq/?hl=en&img_index=4